x

Една од најпопуларните апликации се истражува за закана на националната безбедност во Америка!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 04 Ноември, 2019 од GSM.mk

Уште во април оваа апликација наиде на неколку проблеми во однос на безбедноста во Америка, но сега проблемот стана уште поголем...

Станува збор за TikTok - апликација највеќе користена од тинејџери за снимање на кратки видеа со одбрана песна во позадина. Иронично е што, иако беше произведена од кинеска компанија, апликацијата всушност е забранета во Кина. Во септември, TikTok беше најсимнуваната апликација во Play Store и втора најсимнувана во App Store во Америка. На месечно ниво, TikTok има околу 26.5 милиони корисници и 60% од нив се на возраст од 16 до 24 години.

Проблемот со TikTok се смета како "проблем на ниво на Huawei" во однос на безбедноста, бидејќи апликацијата може да собира информации и локации од корисниците и да ги испраќа на кинеската влада. TikTok започна да се смета како национална закана уште во мај.

Сега, американската влада ја истражува едната компанија позади TikTok, Beijing ByteDance Technology која го купи Musical.ly. Musical.ly беше апликација слична на TikTok, a пред две години двете се споија во една апликација. Американската влада започна подетално да го разгледува договорот меѓу двете и да се осигура дека нема никаква причина за закана на безбедноста. 

TikTok is an extremely popular app in the U.S. - One of the most popular apps in the U.S. is being investigated as a national security threat

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.