x

Екраните од иднината на Samsung!

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 08 Септември, 2016 од GSM.mk

Австриската веб-страна oled.at откри неколку концепт видеа и слики, наводно во сопственост на Samsung Display. Овие видеа оригинално биле прикажани на годинешниот Analyst Day на компанијата, одржан на 6-ти ноември во Сеул.

На видеото се прикажани футуристички концепти за примена на флексибилните OLED екрани во секојдневниот живот, како што досега само гледавме во филмови како Minority Report и слични...

Samsung има визија дека иднината ќе донесе екрани на било која површина, кои потоа ќе можат да се превиткаат и стават во џеб. Благодарение на оваа технологија, куќиштата на уредите (на пример мобилните телефони и таблетите) ќе станат минато и се што ќе имате во рака е екранот.


Како ви се допаѓаат овие концепти? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.