x

Експлозија на Nokia 5233 при зборење усмртила тинејџерка во Индија

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Март, 2018 од GSM.mk

18 годишна тинејџерка од Индија го изгубила животот при експлозија на Nokia 5233

18 годишно девојче од Индија, позната како Uma Oram, зборувала со другарка на нејзиниот стар Nokia 5233 уред. Сред разговорот, Oram го вклучила телефонот на полнач, при што уредот експлодирал. Според изјавите, "Uma, која била во несвест и имала повреди на раката, ногата и градите, била однесена во локалната болница, каде што починала".

Nokia 5233, кој беше претставен во 2010 година, е телефон на допир чија цена во моментов е 46 долари. HMD Global, под чија сопственост е Nokia брендот, изјави дека нема никаква поврзаност со постарите модели кои биле претставени под Nokia името. Бидејќи Nokia во моментов не ги поддржува постарите модели, сеуште не се знае кој ќе биде одговорен за инцидентот. Истотака, причината за експлозијата сеуште не е позната. 

The back of the Nokia 5233 that exploded


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.