x

Елон Маск, Nokia и Vodafone ќе стават 4G интернет на Месечината

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 03 Март, 2018 од GSM.mk

На Месечината ќе има мрежа за 4G интернет до 2019 година, барем според плановите на Nokia и Vodafone.

Мисијата во организација на компанијата за истражување на вселената PTScientists, ќе биде првото целосно приватно финансирано слетување на Месечината.

Предавателите на Nokia ќе се лансираат со ракета на Space X, компанијата на Елон Маск, во 2019 година од воздушната база Кејп Канаверал во Флорида, САД.

Мрежата ќе им овозможи на возилата за лунарно истражување да комуницираат едно со друго и со базната станица.

Сигналот за 4G што ќе го обезбеди Vodafone ќе има капацитет за пренесување на HD видео во живо од површината на Месечината.

„Проектот вклучува радикално иновативен приод кон развојот на инфраструктурата за мобилни мрежи“, вели доктор Ханс Аметсрајтер, главен извршен директор на Vodafone Германија.

Возилата на Месечината истражуваат дали тоа би бил потенцијален човечки хабитат. Воведувањето на 4G мрежата се прави со надеж дека ова е првиот чекот кон градење на комуникациска инфраструктура за идни мисии на Месечината.

 „Она што е најдобро кај ова решение е што заштедува толку многу енергија, а што помалку енергија се користи за праќање податоци, толку повеќе ќе може да се посветиме на наука“, вели Роберт Боме, главен извршен директор на PTScientists.

„За да може човештвото да замине од лулката на Земјата, треба да развиеме инфраструктура надвор од нашата домашна планета“, вели тој.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.