x

Елон Маск сака да поврзе човечки мозок со компјутер до 2020 година

Категорија: Занимливости Објавено на 21 Јули, 2019 од GSM.mk

Компанијата Neuralink на Елон Маск одржа презентација на која за првпат ја запозна јавноста со технологијата на која работи и целите што сака да ги постигне со неа.

Главната цел на нивната работа е да поврзат компјутер директно со човечки мозок. Иако идејата не е нова, сепак Маск успеа да го привлече вниманието на јавноста. На презентацијата е истакнато дека тим од инженери и научници сака до 2020 година да го тестира првиот уред со кој директно би се поврзал човечки мозок со компјутерски систем.

Засега технологијата е тестирана на животни, направени се експерименти. Во еден од нив е забележано како мајмун успеал да контролира компјутер со сопствениот ум. Освен на мајмуни експерименти се спроведени и на глувци.

Кога уредите ќе бидат поврзани со човек, можностите се бескрајни. Првата цел е да се олесни состојбата на човек со оштетен 'рбетен столб и на личност со когнитивни проблеми. Крајната цел на Маск е соединување на човекот и машината, односно креирање симбиоза на човечки ум и компјутер.

За да дојде до тоа првин Neuralink ќе мора да научи како воопшто мозокот функционира во контекст на поврзување со вештачки информациони системи. Компанијата прикажа прототип на уредот со кој мозокот би се поврзал и тоа преку дупка во черепот. Создавањето дупка е и најнепријатниот дел од вградувањето на уредот, а од компанијата се надеваат дека во иднина хируршките инструменти ќе бидат заменети со ласери.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.