x

Елон Маск сe поблиску до целта за брз интернет од вселената

Категорија: Занимливости Објавено на 17 Октомври, 2020 од GSM.mk

SpaceX успешно лансираше уште 60 Starlink сателити, па сега ги има повеќе од 700 во вселената. Маск вели дека ова е доволен број за јавна бета верзија на супербрз интернет.

„Кога сите сателити ќе бидат во посакуваната позиција ќе може да почнеме со јавна бета верзија на северот на САД и се надеваме на југот на Канада“, напиша Маск на Twitter.

Иако не кажа точно кога ќе се случи тоа, астрофизичарот Џонатан Мекдовел од Смитсонијан за Art Technic вели дека тоа најверојатно нема да се случи до февруари, 2021 година.

Многу ограничено бета тестирање на Starlink супер брз интернет е спроведен во септември во Вашингтон, но можеа да го користат единствено војската и итните служби.

Целта е околу 42.000 сателити да бидат над Земјата за да формираат широко појасен интернет со голема брзина испраќајќи го на оддалечени локации на кои има тежок пристап. Целосна глобална покриеност се очекува до крајот на идната година.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.