x

Елон Маск се збогува од Twitter, повеќе му се допаѓа Reddit

Категорија: Занимливости Објавено на 04 Ноември, 2019 од GSM.mk

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, во низа твитови им соопшти на неговите обожаватели дека се збогува со Twitter.

Оваа одлука ја донесе откако одредени твитови му предизвикаа проблеми, а во низата твитови кои ги објави соопшти дека не е сигурен дали воопшто има корист од оваа социјална мрежа и дека му се чини Reddit како подобар избор.

Многумина изразија жалење од најавеното отсуство на Маск на Twitter, но со оглед и на претходните најави за заминување дел од неговите следачи не веруваат дека ќе се повлече од социјалната мрежа.

Маск во јуни изјави дека го избришал профилот на Twitter, иако остана активен. За кратко го промени името, но набргу го врати старото име.

Во октомври се појавија судски документи кои покажуваат дека советниците го повикале да се одмори од Twitter откако имаше непријатна комуникација со британски нуркач кој учествуваше во пасувањето на деца од пештера во Тајланд.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.