x

Еве ги одговорите: Зошто вашата батерија брзо се празни?

Категорија: Совети Објавено на 12 Мај, 2017 од GSM.mk

Доколку ви се чини дека останувате без батерија побрзо отколку што ви требало време за да ја наполните, тогаш внимавајте на овие неколку работи кои можеби се причините за тоа. Погледнете кои може да бидат.

1. Зголемена ви е светлината на телефонот

Колку повеќе е зголемена светлината, толку повеќе батеријата се троши. Затоа наместете ја светлината на вашиот телефон така што ќе ја намалите до степен да не ви влијае на видливоста, а воедно ќе ви овозможи подолго траење на батеријата.

2. Апликациите коишто ги користите

Апликациите коишто ги користите на телефонот може да имаат поголемо влијание на трошење на батеријата за разлика од некои други. Затоа најдобро е во поднесувањата да проверите кои апликации повеќе ја празнат вашата батерија и да ги затворите доколку не ги користите.

3. Известувања

Верувале или не, постојаните известувања кои ги добивате од Фејсбук или Инстаграм може да влијаат на брзото празнење на батеријата. Затоа исклучете ги, бидејќи и така немате потреба да го проверувате вашиот телефон на секои 5 минути.

4. Вибрации

Вибрацијата ја троши вашата батерија повеќе, отколку ако вашиот телефон е ставен на нечујно или пак на звук. Затоа користете некоја од овие две опции за да не морате да го полните вашиот телефон на секој час.

5. Не го исклучувате wi-fi сигналот

Доколку вашето wi-fi е константно вклучено, немојте да се чудите зошто вашата батерија побрзо се празни. Најдобро е да го вклучувате само тогаш кога навистина ви е потребен.

6. Не го вклучувате авионскиот режим

Доколку знаете дека ќе треба да го користите вашиот телефон подолго време, а нема да ви бидат потребни праќањето и добивањето пораки и повици, тогаш одберете го авионскиот режим. Тој ќе ја зачува вашата батерија на подолго време.

7. Автоматско надградување на апликациите

Секој кој има паметен телефон знае дека некои апликации одвреме-навреме самите се надградуваат, но тоа истовремено влијае на батеријата. Затоа исклучете ја оваа опција за да немате проблеми со траењето на вашата батерија.

8. Вклучена ви е опцијата за пронаоѓање локации

Доколку опцијата за пронаоѓање на локацијата каде што моментално се наоѓате ви е постојано вклучена, ете ви уште една причина за батеријата побрзо да ви се испразни. Исклучувајте ја оваа опција во моментите кога воопшто не ви е потребна.

Извор: Think.mk

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.