x

Еве како може да користите Google Maps на забавен начин при трчање!

Категорија: Забава Објавено на 11 Септември, 2019 од GSM.mk

Спортист од Сан Франциско го трансформираше својот спорт во уметност. Буквално.

Веќе четири години, спортист од Сан Франциско ја искористал својата дневна активност, трчањето, да креира уметнички дела низ својот град. 

Користејќи Google Maps, Lenny Maughan секојдневно ја менува својата рутина и креира интересни слики низ Сан Франциско. Неговата рута е внимателно одбрана со цел секој пат да претставува различна форма. 

Досега има креирано 53 уметнички дела - меѓу нив најпопуларна е неверојатна фотографија од Frida Kahlo за која било потребно да помине 46.5 километри. 

Од останатите дела, го има креирано бетмен логото, мачка, срце и слично.

Кој е вашиот фаворит? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.