x

Еве зашто никогаш нема да постои OnePlus 4!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Април, 2017 од GSM.mk

Доколку сте заинтересирани во моќните и евтини телефони на OnePlus, сигурно се прашувате зашто компанијата веднаш го претстави OnePlus 5, прескокнувајќи го OnePlus 4. Еве го објаснувањето:

Преставувањето на било каков уред со 4-ка во името е исто како повикување на смртта во Кина и Источна Азија. Како голем број други компании од тој дел, OnePlus мораше да го рипне ваквиот телефон поради верувањата на Истокот дека бројот "четири" е поврзан со "смртта" и "болестите".

Некои згради немаат четврти спрат, за да го избегнат проклетиот број и несреќите. Истото се однесува и за улиците и се останато.

Од друга страна, петката е среќна бројка. Се однесува на петте елементи: вода, земја, воздух, дрво и метал и, историски, со царот на Кина.

Чудно и интересно.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.