x

Facebook Dating конечно достапен во Европа

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 23 Октомври, 2020 од GSM.mk

Facebook Dating конечно е достапен во Европа.

Требаше да дебитира уште во февруари за Денот на вљубените, но тоа се случи дури сега. Дејтинг сервисот нуди исти можности и во Европа како и во САД, а ќе го користи постоечкиот профил на корисникот на Facebook за пронаоѓање на потенцијални партнери.

Оваа опција ќе ви помогне да најдете личност којашто ја интересираат исти работи како вас според работите коишто ви се допаѓаат, групите во кои членувате, како и настаните на коишто ќе присуствувате.

Сервисот се појавува само како таб на апликацијата Facebook. Профилот може да повлекува фотографии од Instagram, a може да се воспостават и видеоповици од прозорецот за разговор.

Опцијата Secret Crush ги анализира вашите пријатели на Instagram и Facebook и ви бара потенцијални партнери.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.