x

Facebook и Instagram ја намалија брзината на проток на видео содржините во Европа

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 24 Март, 2020 од GSM.mk

Компанијата Facebook објави дека со цел да се избегне оптоварување на интернетот во Европа привремено ја намали брзината на проток на видео-содржините на Facebook и Instagram.

Социјалните мрежи Facebook и Instagram се повеќе се користат по воведувањето на вонредни мерки ширум Европа, што бара и работа од дома и социјална изолација.

Претходно, компаниите Netflix и Google најавија дека ќе го прилагодат системот на емитирање на своите видео-содржини на новонастатнатата ситуација.

Европска комисија, претходно ги повика провајдерите, операторите и коринсиците на интернер услуги да го спречат оптоварувањето на мрежата и да обезбедат отворен интернет. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.