x

Facebook и Instagram нема да објавуваат нови AR филтри!

Категорија: Занимливости Објавено на 23 Март, 2020 од GSM.mk

Доколку сте заинтересирани во креирањето на AR филтри на Facebook и Instagram, тогаш ќе бидете разочарани од новата изјава на компанијата...

Поради Корона вирусот, модераторите кои обично ги одобруваат новите филтри и AR креации нема да може да ја вршат својата работа, бидејќи се испратени дома во изолација. Spark AR Studio е апликацијата која се користи за креирање AR филтри и за Instagram и за Facebook.

Во пост, компанијата најави дека "со цел да ги заштити своите вработени, нивното здравје и безбедност, поголем дел од нив се испратени дома во изолација". Постот нема споделено до кога ќе трае ваквата одлука.



Facebook's Spark AR Studio offers creativity for all - Facebook and Instagram will not publish new AR filters for indefinite period of time

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.