x

Facebook и смартфоните се егзистенцијална закана за човештвото

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 02 Декември, 2017 од GSM.mk

Компаниите за технологија се „егзистенцијална закана“, не само за поединците, туку за целото општество, тврди поранешен вработен во Google.

Компаниите како што е Facebook ни ги „насочуваат“ мислите преку смартфоните, тврди Тристан Херис, кој има поминато три години во компанијата Google, работејќи како дизајнер до 2016 година.

Тој исто така верува дека целите на ваквите компании се значително поразлични од оние на човештвото.

„Тоа е многу повеќе од зависност. Јас би го нарекол егзистенцијална закана за целата човечка раса. Дневно ги проверуваме телефоните околу 150 пати, што значи дека на секои 40 секунди ја прекинуваме мислата за да видиме што се случува на социјалните мрежи. Тоа е деструктивно и ни ја нарушува продуктивноста“, вели Херис во интервјуто дадено за BBC.

Тој смета дека социјалните мрежи имаат за цел да влијаат на мислењето на целиот човечки род, насочувајќи ни ја мислата кон работи кои тие ги налагаат.

Според Херис, децата се најранливата категорија во овој случај, бидејќи најлесно е да им се влијае на нив, затоа што тие имаат целосен пристап до социјални мрежи, кои ги подучуваат да се однесуваат на одреден начин кој наводно „го практикуваат другите во општеството“.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.