x

Facebook ќе им плаќа на корисниците за учество во анкети

Категорија: Занимливости Објавено на 01 Декември, 2019 од GSM.mk

Американската компанија Facebook синоќа ја претстави апликацијата Viewpoints која на корисниците ќе им плаќа за учество во анкети, истражувања и за извршување на задачи.

Компанијата има намера да користи фидбек од корисниците за да ги подобри своите производи како Facebook, Instagram, WhatsApp, Portal и Oculus.

Корисниците ќе заработуваат со добивање поени за учество во истражувањата. Неопходен број на собрани поени ќе можат да бидат разменети за пари преку платниот систем PayPal. Една анкета ќе треа околу 15 минути и ќе носи 1000 поени, што во превод значи 5 долари на сметката на корисникот на PayPal. Плаќањето ќе трае најмногу 10 дена, додека неискористените поени ќе може да се чуваат 5 години пред да бидат избришани.

Засега сервисот може да се користи само во САД и од лица постари од 18 години, а планирано е да биде пуштен во други земји идната година. За учество во анкетите потребно е да се има профил на Facebook, да се внесе име и презиме, електронска адреса, земја на живеење, пол и дата на раѓање.


Од Facebook укажуваат дека информациите за корисниците нема да се објавуваат, предаваат или продаваат на трети лица и компании.

Засега апликацијата е достапна само за корисниците на iOS и Android. Заинтересираните можат да се регистрираат тука.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.