x

Facebook ќе почне да ги означува лажните вести

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 24 Јануари, 2017 од GSM.mk

Компанијата од минатиот месец се обидува да го ограничи ширењето на лажните вести во САД, а сега ќе се обиде да го направи истото и во другите земји.

Изборите во Германија би требало да се одржат во септември, а германската разузнавачка агенција веќе предупреди на ширењето на дезинформации вклучувајќи ги и лажните вести со кои може да се влијае на изборите.

Facebook е во фаза на тестирање на своето решение кое се спроведува со помош на организациите кои се поврзани во меѓународна мрежа за проверка на фактите. Системот ќе функционира на тој начин што кога корисник ќе објави линк што е означен како лажен, под него ќе се појавува знак за предупредување што означува дека сторијата не е вистинска.

Идејата на компанијата е да ги спречи најлошите од најлошите лажни вести. Тестот во Германија ќе стартува за неколку недели, а во план е да се прошири и на останатите држави.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.