x

Facebook ќе ве замоли за дозвола за следење

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 25 Април, 2018 од GSM.mk

Facebook се подготвува да ги замоли сите свои корисници за дозвола да бидат следени додека ја користат најголемата друштвена мрежа. Заебанцијата е што доколку сакаме да останеме на Facebook, нема баш да можеме да ја одбиеме оваа молба.

Како корисници на Facebook, ќе можеме да одбереме дали сакаме таргетирани огласи, односно дали прифаќаме собирање на нашите податоци за оваа цел. Доколку ова не ни се допаѓа, ќе можеме да исклучиме одредени опции во подесувањата, но не сите.

Молбата за оваа дозвола ќе се појавува на сајтот на Facebook и на мобилната апликација, а по Европа, во наредните месеци ќе дојде и остатокот од светот.

Што има тука лошо?

Па, нема да биде баш возможно да се одбие молбата, бидејќи ќе бидат понудени само две опции: accept and continue (прифати и продолжи) или manage data settings (управувај со подесувањата за податоците). Доколку ова не ви одговара, можете да престанете да го користите Facebook.

Нема да биде целосно возможно да го исклучите таргетираното огласување, затоа што Facebook живее од продавање на реклами, но ќе можете во одредена мерка да го ограничите видот на податоците кои огласувачите можат да ги добијат за нас.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.