x

Facebook ќе вработи 1.000 модератори кои ќе се борат против лажните огласи

Категорија: Занимливости Објавено на 04 Октомври, 2017 од GSM.mk

Американската компанија „Facebook“ ќе вработи 1.000 модератори кои ќе се борат против лажните огласи, откако беше објавен скандалот со руските лажни огласи за време на изборите во САД.

Околу 10 милиони луѓе од САД пријавија дека за време на изборите прочитале лажни огласи на социјалната мрежа Facebook. Подоцна беше откриено дека политичките огласи биле спонзорирани од руски компании, и дека нивната цел била да влијаат на исходот од изборите.

„Facebook“, кој досега не даваше такви проценки, објави дека 44% од огласите биле објавени пред изборите во ноември 2016, а 56% за време на изборите или по нив.

Затоа, од компанијата најавија дека ќе вработат 1.000 нови модератори кои ќе ги прегледуваат огласите за да се направат напори за да ја оневозможат Русија и другите земји да ја злоупотребуваат социјалната мрежа и да влијаат на изборите.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.