x

Facebook корисниците ќе може да добиваат потсетници за филмови кои им се допаѓаат!

Категорија: Занимливости Објавено на 22 Септември, 2019 од GSM.mk

Facebook додаде две нови функции за филмските студија и корисниците на апликацијата...

Facebook додаде нови решенија во однос на рекламите за филмските студија кои сакаат да ги зголемаат своите продажби на карти, но истовремено да им помогнат и на корисниците кои сакаат да ги видат овие филмови. "Ad Solutions", "Movie Reminder" и "Movie Showtime" во моментот се достапни за сите филмски студија во Англија и Америка.

Но, како овие функции ќе им бидат од корист на корисниците? Всушност е многу едноставно. Доколку видите филм кој ви се допаѓа неколку месеци пред неговото претставување, најверојатно ќе ви треба потсетник за периодот кога истиот ќе биде достапен во кино. 

Со "Movie Reminder", кога ќе видите реклама за одреден филм кој ви се допаѓа на вашиот News Feed се што треба е да кликнете на Interested копчето и ќе добиете потсетник кога филмот ќе биде официјално претставен. Истотака, благодарение на Get Showtimes копчето, при реклама за филм за кој сте заинтересирани, а во моментот е достапен, може да добиете повеќе информации за истиот во врска со тоа во кои кино сали го има, кои денови и кои времиња. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.