x

Facebook Messenger: Совети и трикови за полесно користење!

Категорија: Совети Објавено на 07 Јануари, 2019 од GSM.mk

Иако сите сме запознаени и секојдневно ја користиме Facebook Messenger апликација, постојат неколку функции кои се навистина корисни, а многумина од нас не ги познаваат..

1. Лесно пребарување преку Search опцијата

Apps Optimized: Facebook Messenger tips & tricks for iOS and Android

Дали знаевте дека Search опцијата која се наоѓа на горниот дел е многу покорисна од што мислите? Да, многумина од нас ја користат за пребарување профили и пријатели, но вусшност со нејзина помош можете да најдете специфичен дел од разговор, преку пребарување на одреден збор, документ, слика или видео.

2. Користете Secret Conversations

Apps Optimized: Facebook Messenger tips & tricks for iOS and Android

Слично како кај интернет пребарувачите, Facebook Messenger нуди опција за тајни разговори со вашите пријатели. Најпрво, треба да се осигурате дека опцијата ви е вклучена преку Settings. Потоа, треба да создадете нова порака на Messenger и да ја одберете  "Secret" опцијата во горниот десен агол.

3. Користете повеќе профили

Apps Optimized: Facebook Messenger tips & tricks for iOS and Android

Доколку имате повеќе Facebook профили, или сакате да го позајмите вашиот уред на некој пријател да го користи, наместо да се исклучувате целосно, можете да вклучите повеќе профили и да менувате меѓу нив, по потреба.

4. Исклучете ги нотификациите

Apps Optimized: Facebook Messenger tips & tricks for iOS and Android

Facebook и Messenger нотификациите можат да бидат корисни, но за дел од нас, звукчето за секоја нова нотификација може да стане вознемирувачко. Затоа, најпаметно е да знаете како да ги исклучите во даден момент. Се што треба е да кликнете на иконата со вашата профилна и да одберете "Notifications and Sounds".

5. Лесно најдете ги пријателите преку вашата профилна

Apps Optimized: Facebook Messenger tips & tricks for iOS and Android

Сините точки кои се наоѓаат околу вашата фотографија се таму со причина. Всушност, станува збор за уникатен код кој ви дозволува лесно да размените Facebook профил со некого кого лично го познавате.

6. Откријте ги сите пораки кои ви пристигнале

Apps Optimized: Facebook Messenger tips & tricks for iOS and Android

Последно, мора да го спомнеме "другиот" инбокс профил, за кој голем дел од корисниците не се свесни дека постои. Со цел да ве заштити од "spam" пораките, Facebook не ви ги прикажува сите разговори одеднаш. За дел од корисниците можеби овој совет е непотребен, но во ова мени може да најдете пораки кои ќе ви бидат од корист. За да стигнете до нив, кликнете на "People" иконата на долниот дел од Messenger. Таму ќе најдете "Requests" опција, каде се наоѓаат сите потребни и непотребни разговори.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.