x

Facebook нe следи дури и откако ќе го напуштиме

Категорија: Занимливости Објавено на 10 Јуни, 2019 од GSM.mk

Многумина мислат дека штом го деактивираат својот Facebook профил ќе ја повратат приватноста, но всушност компанијата собира податоци за корисниците и покрај тоа што нивните профили се неактивни.

Податоците кои се собираат додека профилот е неактивен и понатаму се испраќаат на Facebook, па се поврзуваат со одговарачки кориснички профили без разлика дали се активни или не. Од компанијата велат дека се отстрануваат сите податоци само во случај кога корисниците трајно ќе ги избришат профилите, па деактивацијата не се смета за напуштање на мрежата. Затоа компанијата собира податоци во случај корисникот повторно да се врати на платформата. Така Facebook очекува деактивираните да се вратат и се подготвува со прикажување на реклами да почне веднаш по вклучувањето на профилите.

Како објаснување се нуди тоа што деактивацијата е половина пат до гаснење на профилот, но малку се знае за тоа на кој начин се собираат податоците во тој период. Во правилата за користење деактивацијата се предлага ако дополнителна мерка за безбедност, но собирањето податоци не се споменува. Експертите за приватност укажуваат на тоа дека ваквата пракса би можела сериозно да ги крши правилата за приватност, со оглед на тоа дека повеќето корисници веруваат дека собирањето податоци престанува оној момент кога профилот се деактивира.

И претходно имаше докази за тоа дека Facebook ги следи корисниците кои не се логирани на платформата, па дури и оние кои немаат профил. Facebook копчето за делење содржини се наоѓа на 275 милиони интернет страници и се користи и за собирање податоци, за да се одреди за која содржина некој корисник е најмногу заинтересиран, пренесува PC Press.

Facebook така не може преку пребарувачот прецизно да ги идентификува корисниците кои немаат профили на оваа платформа, па им нуди реклами преку Facebook Audience Network. Тоа не ги спречува да ги следат пребарувачките навики, така социјалната мрежа ги следи и оние кои не се дел од платформата.

Од компанијата велат дека деактивацијата на профилот никогаш не била замислена како заштита од самата компанија туку од другите корисници.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.