x

Facebook почна да ја блокира апликацијата за Windows Phone 8

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 04 Април, 2017 од GSM.mk

Facebook неодамна најави дека ќе ја укине поддршката за Windows Phone 8.1 и постари верзии, а сега почна да го спроведува ова.

На корисниците им се препорачува надградба на Windows 10 Mobile или користење на Facebook преку веб прелистувач.

Овој потег на Facebook не е изненадувачки, бидејќи количината на корисници кои пристапуваат до најголемата друштвена мрежа преку Windows телефони е толку мала, што воопшто не се грижат доколку ги изгубат, а надградбите им создаваат непотребна и неисплатлива дополнителна работа.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.