x

Facebook потрошил 22 милиони долари за безбедноста на Закерберг

Категорија: Занимливости Објавено на 14 Април, 2019 од GSM.mk

Минатата година Facebook потрошил 22 милиони долари за безбедноста на Марк Закерберг, пренесува CNN.

Закерберг, како и многу други богати извршни директори, добива плата од 1 долар годишно. Минатата година тој не примил ниту бонуси ниту награди за акциите.

Меѓутоа, поради зголемените трошоци за безбедноста на основачот на Facebook и неговото семејство, вкупната исплата изнесува 22,6 милиони долари и е за 9,1 милион долари поголема од претходната година.

Закерберг потрошил и 2,6 милиони долари на трошоци за приватниот авион, за што од компанијата велат дека е исто така дел од неговото обезбедување.

Од Facebook велат дека цената е зголемена делумно како резултат од специфични закани кон Закерберг, со оглед на тоа што Facebook во последно време се соочува со низа скандали кога станува збор за приватноста на корисниците на оваа социјална мрежа.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.