x

Facebook тестира нова опција за десктоп верзијата на Messenger

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 20 Декември, 2016 од GSM.mk

Facebook почна да тестира групни видео повици за десктоп верзијата на Messenger. Како што пишува сајтот TechCrunch, компанијата во моментот ја тестира оваа опција на ограничен број корисници.

Оние што се дел од тест групата, ќе забележат икона со телефон во својот групен чет, а ако ја селектираат опцијата, ќе можат да направат видео разговор во групата. Facebook сличен тест направи и со мобилната верзија на апликацијата во текот на април оваа година.

Facebook Messenger забележа неверојатен раст на бројот на корисниците месечно, па сега има повеќе од милијарда активни корисници, а постојано работат на подобрување на корисничкото искуство.

Неодамна Facebook додаде нова функција на камерата со ефекти слични како тие на Snapchat. Со краткото притискање на виртуелното копче, корисникот ќе прави фотографии, додека со подолгото притискање ќе активира опција за снимање видеа. Достапни ќе бидат и разните филтри за фотографиите и видеата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.