x

Facebook, Twitter и уште 30 медиуми во борба против лажните вести

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 17 Септември, 2016 од GSM.mk

Социјалните мрежи Facebook и Twitter, како уште и 30 светски медиуми ѝ се придружија на мрежата издавачки и технолошки компании во борбата против лажните вести и унапредувањето на квалитетот на информациите на лажните вести, пренесуваат агенциите.

Коалицијата наречена First Draft, основана во 2015 година со поддршка од технолошкиот гигант Google, објави дека ќе состави кодекс на дејствување, ќе ја поттикнува новинарската писменост меѓу корисниците на социјалните мрежи и ќе покрене платформа на која што членовите ќе може да ја проверуваат веродостојноста на контроверзните и контрадикторни медиумски информации.

Членки на оваа групација, меѓу другите се влијателни светски медиум и онлајн сервиси како американската телевизија CNN, американските тиражни дневни весници Washington Post и New York Times, новинската агенција Аgence France-Presse, YouTube, британски Telegraph, австралиската телевизиска мрежа ABC и панарапскиот сателитски телевизиски канал Аl-Jazeera.

Facebook со 1,7 милијарди корисници е најголемата социјална мрежа и често е критикувана поади овозможувањето за ширење на лажни вести и дезинформации. Twitter, пак, има 140 милиони корисници, но е клучна мрежа за ширење на вонредните вести.

„Филтрирањето на лажните информации може да биде тешко. Дури и кога медиумите ги споделуваат сториите кои се проверени и контролирани, секој од нас е потенцијален извор на информации којашто може да се објави на интернет“, вели извршната директорка на First Draft, Џени Сарџент.

„Живееме во времиња кога сите редакции, а уште повеќе социјалните мрежи, се соочуваат со прашањето на довербата и вистината“, укажува Сарџент.

Улогата на социјалните мрежи како Facebook и Twitter во тоа е многу важна, бидејќи преку нив лажната вест може да се прошири како пожар, додава.

„Нема да ги решиме овие проблеми прекуноќ, но сигурно воопшто нема да ги решиме доколку не работиме заедно“, заклучува Сарџент.

Неодмамна Facebook објави дека работи на технологија во скол на сајтоот што ќе помогне во редуцирање на таканаречените clickbite наслови, „нема да верувате што се случи..“, „неговата реакција е бесценета..“ и слични, што исто така ќе помогне во борбата против неквалитетните онлајн медиуми.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.