x

Facebook во скандали, а Закерберг стана трет најбогат човек на светот

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Јули, 2018 од GSM.mk

Основачот на Facebook Марк Закерберг го престигна Ворен Бафет и стана третиот најбогат човек на светот, објави Bloomberg. Неговото богатство се проценува на неверојатни 81,6 милијарди долари.

Закерберг (34) сега е веднаш зад второпласираниот Бил Гејтс и најбогатиот човек на светот, основачот на Amazon Џеф Безос.

Ни скандалите поврзани со Facebook во изминативе месеци не го попречија работењето на социјалната мрежа и сите нејзини пропратни сервиси WhatsApp, Messenger и Instagram, па така вредноста на акциите на Facebook годинава порасна за 15% и неделава достигнаа вредност од над 200 долари.

Закерберг и неговата сопруга Присила Чен ветија дека ќе се откажат од 99% од акциите во Facebook во текот на животот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.