x

Facebook воведува нови подесувања за приватност

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 29 Јануари, 2017 од GSM.mk

По повод одбележувањето на европскиот Ден на заштита на податоците 28-ми јануари, Facebook ќе лансира нова верзија на својата страница за подесување на приватноста..

Страницата е редизајнирана на основа на повратните информации од корисникот. На Facebook постојат 32 водичи на 44 јазици, покривајќи теми како што се управување со приватноста, упатства како да погледнете различни делови од вашиот профил.

Новите подесувања доаѓаат во важен момент кога луѓето се сè повеќе загрижени за својата приватност и сигурност за време на комуникацијата. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.