x

Facebook воведува опција за наплаќање за читање вести

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Август, 2017 од GSM.mk

Социјалната мрежа кон крајот на годината ќе воведе опција за сервис со претплата за читање вести.

Со опцијата Instant Articles најголемата социјална мрежа ќе им понуди на заинтересираните клиенти можност да заработат така што на корисниците ќе им бара претплата за читање вести.

Најголемите новински вебстраници, агенции и други големи медиумски компании веќе ја користат опцијата за да им понудат на читателите читање вести и други содржини во целост на Facebook, без да мора да излезат од апликацијата.

Тимот на Facebook планира тоа да го искористи и да им понуди на читателите премиум модел на сервис што ќе ја монетизира работата на објавувачите, со заработка за компанијата Facebook.

Социјалната мрежа се труди на сите начини да ги задржи корисниците, а според весникот „Independent“ во последно време ја губи битката во трка со сервисите што ги нудат Google и Apple, што се популарни за читање, гледање видеа и слушање музика.

Тестирањето за наплаќање содржини за читање ќе почне во октомври во Западна Европа и по неколку прочитани вести корисникот ќе мора да плати членарина за да продолжи со читање.

Засега нема информации колку ќе изнесува претплатата за оваа услуга.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.