x

Facebook воведува шарени статуси!

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 24 Декември, 2016 од GSM.mk

Вашиот тајмлајн на Facebook наскоро ќе стане шарен, благодарение на новата опција која доаѓа кај корисниците, а се однесува на бојата на статусите.

Социјалната мрежа неделава ја најави новата опција за текстуалните статуси, која ќе им овозможи на корисниците да ја одберат бојата на позадината на статусот што сакаат да го напишат.


Оваа опција најпрво ќе биде достапна за корисниците на Android смартфоните, велат од Facebook.

A набрзо ќе дојде и на десктоп верзијата, како и на iOS.

Опцијата за менување на бојата ќе се појави во долниот дел на прозорецот за пишување на статус.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.