x

Факти за eBay кои не сте ги знаеле

Категорија: Занимливости Објавено на 25 Април, 2017 од GSM.mk

Пред eBay, аукциите беа наменети за важни фаци и опортунисти кои се наддаваат за уметнички дела, олдтајмери и слично. Но, во 1995 година, на Пјер Омидјар му текнало како да ги стави аукциите на интернет, цените да бидат одредени инстантно...

Првиот предмет продаден на eBay бил скршено ласерче

eBay го контактирал купувачот за да се осигура дали сфатил дека е скршен. Купувачот одговорил „се разбира”, и испаднало дека бил колекционер на скршени ласерчиња.

На eBay не можете да си ја продадете душата

Според eBay, доколку душата не постои, не можете да ја продадете, затоа што нема што да се продаде. А доколку постои, не можете да ја продадете  поради рестрикцијата за делови од човечко тело. Не можете да продавате ни духови.


Бриџвил, гратче во Калифорнија, е првиот град продаден на eBay

Малото гратче со популација од 28, во 2002 година беше продадено за 1.777.877 долари.


eBay бил вториот избор за име

Требало да се вика EchoBay, но името било зафатено. 


Првичниот eBay имал страница посветена на еболата

Не е јасно зошто Пјер Омидјар ставил инфо за смртоносниот вирус на eBay, но како што шпекулира неговиот биографер, можеби за да добие интернет сообраќај или црна смисла за хумор.

Луѓе се имаат запознавано преку eBay и склучувано бракови

Првата венчавка се има случено во Њу Орлеанс.


Околу четвртина од сите монети и две третини од антиквитетите на eBay се лажни

Како и да е, според судот, eBay нема правна одговорност да ја надгледува автентичноста на предметите кои луѓето ги продаваат.


Не можете да продавате нечиста долна облека на eBay

Но ако било ненамерно...


Најскапиот предмет продаден е Гигајахта

Јахта долга 123 метри достигна цена од 168 милиони долари.


Извор: Kajgana.com


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.