x

fdfd

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Јануари, 2019 од GSM.mk

Samsung никогаш не се плашел да зазема удари против Apple, но најновата реклама за Galaxy S9 може навистина да ги влоши работите меѓу компаниите..

Рекламата наречена "Moving On", ги отсликува секојдневните проблеми на една жена поради стариот телефон, наречен Phone 6 - успорен, не е водоотпорен и софтверот станува се полош и полош. 

Видеото кулминира кога телефонот ќе биде однесен во Apple Store, каде еден од вработените ја советува жената да го замени стариот уред со новиот iPhone X. Нормално, бидејќи станува збор за Samsung реклама, наместо iPhone X, жената се одлучува да се префрли во рацете на Samsung и новиот Galaxy S9. Во меѓувреме, компанијата се потсмева на iPhone X и неговиот нов, контраверзен изглед. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.