x

ffff

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Ноември, 2018 од GSM.mk

Само неколку дена пред претставувањето на Mi Max 3, се појавија нови фотографии од изгледот на уредот, како и поголемиот дел од неговите спецификации..

Иако претставувањето на Xiaomi Mi Max 3 ќе биде на 19 јули, предвремено се појавија официјални фотографии од телефонот, заедно со спецификациите. 

Како што може да претпоставите од "Max" делот во неговото име, уредот ќе доаѓа со огромен, 6.9 инчен FHD+ дисплеј со резолуција од 1080 x 2160 пиксели и 18:9 сооднос. Единствената негативност се подебелите рамки од горната и долната страна на панелот, кои може да го направат потежок за држење и користење. Покрај дисплејот, не очекува алуминиумска конструкција, вертикално поставени камери од 12 и 5 мегапиксели, како и селфи камера од 8 мегапиксели. 

Во внатрешноста, Mi Max 3 доаѓа со Snapdragon 636, придружен од две верзии - 3GB RAM и 32GB меморија или 4GB RAM и 64GB меморија. Работи на огромна батерија, од 5500mAh. 

Покрај него, компанијата ќе претстави Mi Max 3 Pro верзија од уредот. Оваа премиум варијанта треба да содржи Snapdragon 710, 6GB RAM и 128GB меморија. 



Претставувањето на обичниот Mi Max 3 го очекуваме на 19 јули. Ќе биде достапен во сина, црна и златна боја. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.