x

FIFA 19: Шест новитети кои ќе направат разлика

Категорија: Занимливости Објавено на 10 Август, 2018 од GSM.mk

Секоја година со почетокот на фудбалската сезона расте и возбудата за новото издание на најпопуларната фудбалска видео игра „FIFA“. Новото издание ќе има неколку новитети кои ќе го направат играчкото искуство подобро и ќе ја направат играта позабавна

Традиционално, поголемиот дел од новитетите нема да бидат драстични, туку ќе бидат само надоградувања на веќе постоечките карактеристики на играта.

Првата измена која ќе ја забележите уште веднаш е во стартното мени, каде опцијата Kick Off доби интересна надградба во однос на начинот на натпреварување. Со неколку нови опции, можете да одберете како ќе започнете да играте во различни ситуации, сценарија и против различен вид на противници.

Веројатно најдобрата измена во играта е новиот Survival Mode, кој ве става во ситуација да добивате црвен картон секогаш кога ќе постигнете гол. Црвениот картон оди на име на стрелецот на голот, па тоа отвара нов начин на тактичко планирање во кој ќе мора да одлучите кога ќе постигнете гол, со кој играч и дали ќе се одлучите на офанзивен или дефанзивен пристап.

Уште една промена која ќе им се допаѓа на најголемите љубители на оваа видео игра е опцијата да го активирате супер-шутот. Откако ќе го притиснете копчето за шут, имате шанса да го направите тоа уште еднаш во истиот момент кога ногата се спојува со топката и со овој начин на шутирање ќе упатите многу посилен и побрз удар кон голот. Погодување на совршениот тајминг најчесто ќе резултира во убав и атрактивен гол, додека промашувањето на тајмингот ќе предизвика топката да отиде неконтролирано да се упати кон трибините или пак да се дотркала до рацете на противничкиот голман.


Секако, тука се уште неколку промени кои ќе предизвикаат мешани чувства кај играчите, но од компанијата EA Sports се надеваат дека ваквите новитети ќе привлечат уште повеќе фудбалски фанови и љубители на видео игрите.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.