x

Fortnite има повеќе од 350 милиони регистрирани играчи во моментот!

Категорија: Забава Објавено на 11 Мај, 2020 од GSM.mk

Играта Fortnite има повеќе од 350 милиони регистрирани играчи, соопшти компанијата Epic.

Оваа бесплатна игра се стекна со огромна популарност и е во рангот со Minecraft. Fortnite е една од најпопуларните мобилни и бесплатни игри во изминатите 15 години.

Epic не соопштува колку играчи дневно и месечно се најавуваат, но откриваат дека во април гејмерите поминаа 3,2 милијарди часови играјќи Fortnite.

Со оглед на тоа дека во март минатата година е соопштено дека Fortnite има околу 250 милиони регистрирани играчи, јасно е дека рејтингот на оваа игра сè уште расте. Голема предност е тоа што е достапка на сите платформи, за PC, конзоли и мобилни уреди, како и фактот дека постојано се подобрува.

Неодамна, Fortnite ја воведе опцијата party royale за да им овозможи на корисниците да се логираат и да се дружат со пријателите, пишува The Verge.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.