x

Fortnite Monopoly: Пристигнува специјално издание на Монопол

Категорија: Забава Објавено на 13 Септември, 2018 од GSM.mk

Во екот на популарноста на видео играта „Fortnite“ ќе биде пуштено во продажба и посебно издание на Монопол посветено токму на неа.

За време на викендот Fortnite Monopoly само накратко се појави на веб-страницата Zavvi, каде беше достапна за купување, но набрзо потоа беше отстранета оттаму.

Hasbro и Epic Games сепак ја потврдија веста дека ваквиот производ е веќе произведен и набрзо ќе пристигне во продажба. Според Kotaku, ова издание на друштвената игра ќе има комбинирани правила од Fortnite и Монопол, со цел да биде уникатна и забавна за играчите на двете игри.

„И понатаму целта на играта ќе биде да купувате имот, само што наместо пари ќе морате да го правите тоа со поени кое го означуваат вашето здравје. Наместо да плаќате за местата, ќе работи по принципот ‘прв во редот – прв услужен’. Секогаш кога ќе дојдете на ред вртите две коцки – едната која ве движи напред на таблата и една со која можете да преземете некаква акција. Ќе можете да го стрелате противникот ако се наоѓа на иста страна од таблата, можете да изградите ѕид за да се заштитите од стрелање, можете да пуштите Boogie Bomb која ќе предизвика секој од противниците да изгуби одредена количина од здравјето или пак можете да искористите „фластер“ кој ќе го подобри вашето здравје. Ако ги изгубите сите поени од вашето здравје – губите. Исто како во видео играта, победник е играчот кој ќе остане последен на таблата“, пишува во правилникот.

Fortnite Monopoly пристигнува на 1 октомври, што ви остава доволно време за да најдете барем уште тројца пријатели со кои ќе ја играте оваа друштвена игра.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.