x

Fortnite руши рекорди: Во секој момент ја играат по 8 милиони луѓе

Категорија: Забава Објавено на 30 Ноември, 2018 од GSM.mk

„Fortnite“ стана вистински глобален феномен иако за првпат се појави пред помалку од една година. Бројките велат дека од почетокот на ноември оваа онлајн сензација има преку 200 милиони играчи ширум светот, што е апсолутен рекорд во светот на видеоигрите

„Fortnite Battle Royale“ од почетокот на 2018 година пристигна на две конзоли и оттогаш стана уште повеќе популарна помеѓу љубителите на видеоигри.

Во јуни 2018 година „Fortnite“ имаше 125 милиони регистрирани корисници, а веќе во почетокот на ноември таа бројка порасна на преку 200 милиони корисници, што е петкратно повеќе од бројките кои играта ги забележа на почетокот на оваа календарска година.

„Fortnite“ е бесплатна онлајн видеоигра која се игра со играчи од целиот свет и се финансира преку продажба на валутата V-bucks преку која играчите купуваат скинови и додатоци за нивниот профил. Со оглед на тоа што секој месец излегуваат нови додатоци и изненадувања, може да се претпостави дека смртта на „Fortnite“ е многу, многу далеку.


Најпривлечната карактеристика на „Fortnite“ е тоа што играчите често можат да се сретнат со многу познати личности додека се во играта, бидејќи дел од редовните играчи се и фудбалерот Антоан Гризман, кошаркарите Карл-Ентони Таунс и Лука Дончиќ, раперите Дрејк и Тревис Скот и уште многу актери и пејачи.

Оваа видеоигра стана планетарно позната поради големиот број лајвстримови и наградни турнири кои доделуваат милиони долари како главна награда. „Fortnite“ веќе ја освои наградата за Нова игра на годината според ESports, победувајќи ги мегапопуларните серијали „Call of Duty“ и „FIFA“.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.