x

Fossil: Нови часовници со одлични батерии!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Ноември, 2019 од GSM.mk

Fossil најави нови часовници со уникатни карактеристики и привлечен дизајн..

Како што кажува самото име, Fossil Hybrid HR е нов "хибриден" часовник кој се одвојува од другите уреди на компанијата бидејќи има сензор за срцето.

 

Иако на овој часовник нема да најдете функции како GPS или поддршка за Google Pay, сепак доаѓа со една нова оперативна платформа која дозволува малата батерија во внатрешноста на уредот да издржи до две недели (!!!) без полнење. 

Fossil-Hybrid-HR-gallery.jpg

Fossil Hybrid HR е и водоотпорен до 3 метри под вода, може да контролира музика, да покажува различни временски зони и да се полни брзо. Како што може да се види од фотографиите, ќе биде достапен во неколку верзии.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.