x

Фото и спецификации за Xiaomi Mi Mix 2s!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Февруари, 2018 од GSM.mk

Минатата година, Xiaomi го претстави Mi Mix 2, продолжението на оригиналниот Mi Mix. Сега, компанијата припрема подобрена верзија на Mi Mix 2, позната како Mi Mix 2s..

Пред неколку дена, спецификациите на Mi Mix 2s се појавија на кинеската страна Weibo. Уредот ќе доаѓа со керамички дизајн и 5.9 инчен дисплеј. Под хаубата, ќе се наоѓа Snapdragon 845, придружен од 8GB RAM и 256GB меморија. 

На задната страна ќе се наоѓа дуален систем камери, вертикално поставени, од 12 мегапиксели со оптички зум. Покрај спецификациите, се појавија и фотографии од изгледот на Mi Mix 2s. Да ги погледнеме:


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.