x

Фото и видео: Huawei P20 Lite ќе наликува на iPhone X

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Февруари, 2018 од GSM.mk

Huawei веќе организираше настан на 27 март, каде планира да ги претстави своите нови смартфони - P20, P20 Plus и P20 Lite. Интересно е што се појавија фотографии на еден од нив, а уредот на фотографиите наликува на друг смартфон кој ни е познат на сите..

Деновиве се појавија фотографии од P20 Lite, а уредот на фотографиите многу наликува на iPhone X, благодарение на вертикално поставените камери на задната страна и дизајно на дисплејот од предната. 

P20 Lite ќе доаѓа со 5.8 инчен дисплеј, 18:9 сооднос и резолуција од 2,280x1,080 пиксели. Ќе работи на батерија од 2900mAh, а во внатрешноста ќе се наоѓа или Kirin 970 или Kirin 659. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.