x

Фото и видео од Huawei P20: три камери на задната и скенер за отпечатоци на предната страна

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Февруари, 2018 од GSM.mk

По P20 Plus и P20 Lite, се појавија и фотографии од изгледот на P20. Да погледнеме:

Повторно, на задната страна се забележуваат три камери, но за разлика од P20 Plus, кај P20 се забележува скенер за отпечатоци на предната страна. Истотака, дизајнот на дисплејот е сличен како оној на iPhone X.

Кога сме кај дисплејот, P20 ќе доаѓа со 5.7 инчен, резолуција од 1080 x 2280 пиксели и 19:9 сооднос. Под хаубата, ќе се наоѓа Kirin 970, а на предната страна може да се забележи дуален систем камери. 


Новите P20 модели ќе бидат претставени на 27 март, во Париз. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.