x

Фото: Како изгледа маска за телефон со два екрани?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Ноември, 2018 од GSM.mk

Со цел да се долови "all-screen" ефектот, а сепак да има селфи камера, постојано се појавуваат уреди со иновативни екрани. Ниеден од овие дизајни не е толку луд како дизајнирањето на втор панел, само поради селфи камерата..

Nubia, бренд во сопственост на ZTE, постојано има луди идеи за дизајнот на смартфоните во иднина. За време на MWC настанот, го запознавме Nubia Alpha, смартфон кој може да го ставите околу вашиот зглоб. Но, уред кој веќе беше претставен, а го фати нашето внимание е Nubia X.

Имено, Nubia X доаѓа со голем, 6.3 инчен LCD дисплеј, придружен од втор, 5.1 инчен OLED панел на задната страна. Наместо мала рамка на горната страна наменета за селфи камерата, Nubia произведе втор дисплеј на задната страна, каде се наоѓаат две камери. Овие две камери се користат и како задни и како предни. Нивната резолуција е од 16 и 24 мегапиксели. Се прашуваме, како би изгледала маска за ваков уред?

Besides custom game controls, the rear OLED screen can display custom images in an always-on mode, too

ZTE ја претстави официјалната Nubia X маска - цената на уредот е 600 долари во Кина, додека маска чини само 7 долари. И покрај "мекиот допир" и "совршениот изглед", како што ја опишува компанијата, изгледа дека нема специјална заштита за вториот дисплеј. Сигурни сме дека сами можете да додадете заштита, но првиот модерен уред со голем дисплеј и на предната и на задната страна би требало да доаѓа со официјална маска која ќе нуди заштита и за двата. Се согласувате?


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.