x

Фото: LG Stylo 4 доаѓа наскоро по многу ниска цена!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Април, 2018 од GSM.mk

Cricket Wireless наскоро планира да најави уште еден евтин уред - LG Stylo 4. Некои од вас можеби се запознаени со уредот, чиј претходник, LG Stylo 3, беше претставен пред една година во Америка.

На првите фотографии од Stylo 4 забележуваме модерен дизајн, без Home копче и со многу тенки рамки. Главната карактеристика на Stylo линијата, пенкалото, иако не се гледа на сликата, ќе биде присутно. 

Спецификациите на уредот сеуште не се познати, но очекуваме LG Stylo 4 да има малку подобри карактеристики од неговиот претходник. Како мало потсетување, Stylo 3 доаѓа со 5.7 инчен HD (720p) дисплеј, батерија од 3,200 mAh и работи на Android 7.0. Во внатрешноста, се наоѓа Snapdragon 425 процесор, заедно со 2GB RAM и 16GB меморија. 

LG Stylo 4


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.