x

Фото: Новите AirPods 3 слушалки на Apple!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Октомври, 2019 од GSM.mk

Apple работи на третата генерација од AirPods слушалките. Доколку се оди по план, новата верзија би требало да биде достапна на почетокот од 2020 година..

Новите AirPods ќе имаат и променет изглед. Една од најголемите разлики е што нивните целосни димензии се помали. Кај првата и втората генерација во долниот дел беше сместена батеријата, па помалите димензии најверојатно значат и помала батерија кај AirPods 3. Истотака, во внатрешноста ќе се наоѓа или Apple H1 или поновата верзија која беше најавена на почетокот од годината, Apple H2.

Според фотографиите кои се појавија, и самата форма на слушалките е различна. Сите овие промени се направени со цел да придонесат за поквалитетен звук и подобра звучна изолација. Името сеуште не е официјално познато и ќе биде или AirPods 3 или AirPods Pro, а ќе бидат достапни во бела и црна боја. Но, како што се забележува од сликите, можно е да бидат достапни и во сребрена и во златна боја. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.