x

Фото: Ова е iPhone SE (2017)!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Мај, 2017 од GSM.mk

Поминаа повеќе од година дена, откако Apple го претстави компактниот iPhone SE, кој беше хит меѓу корисниците. Дојде време да се запознаеме со неговиот наследник:

Како што може да се види на сликите, новиот iPhone SE воопшто нема да наликува на својот претходник. Сепак, повторно ќе станува збор за 4 инчниот Retina дисплеј со резолуција од 640 x 1336 пиксели, но Apple можно е да воведе една новина: OLED дисплеј. 

Под хаубата, ќе се наоѓа Apple A10 Fusion заедно со 2GB RAM. За камерите не се познати никакви податоци, но најверојатно ќе наликуваат како оние кај iPhone 7. 

Сеуште не се знае за сигурно, но можно е да биде претставен на WWDC '17. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.