x

Фото: Pixel XL 2 во споредба со сегашните Pixel и Pixel XL

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Јули, 2017 од GSM.mk

Пред неколку дена, се појавија слики од потенцијалниот изглед на Pixel XL 2. Сега се појави нова фотографија на која може да го забележиме уредот заедно со неговите претходници и да ги споредиме нивните големини:

По фотографиите од дизајнот на Pixel XL 2, Benjamin Geskin ги остави предвидувањата за iPhone 8 и се фокусираше на дизајнот на Pixel XL 2. Најпрво, направи неколку фотографии кои покажуваа како би изгледал телефонот во сина и сребрена варијанта, а потоа ја визуелизираше споредбата на големините со претходните модели во серијата.

На сликата погоре е претставено се што знаеме за уредот досега. Mоже да го забележиме и 5 инчниот Pixel, како и 5.5 инчниот Pixel XL. Новиот Pixel XL 2 можеби ќе има поголем, 6 инчен, екран, но благодарение на 18:9 соодносот и тенките рамки, ќе биде речиси ист во големина со сегашниот XL. Звучи примамливо? :)


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.