x

Фото: Samsung Galaxy S9 Plus доаѓа со 6.1 инчен дисплеј и дуален систем камери

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Декември, 2017 од GSM.mk

Oткако се појавија фотографиите од изгледот на Galaxy S9, само неколку часа подоцна се појавија и фотографиите од дизајнот на неговиот поголем брат, Galaxy S9 Plus. Да погледнеме:

На прв поглед, Samsung Galaxy S9+ изгледа речиси исто со Galaxy S9. Една од разликите меѓу двата уреда е во камерите, бидејќи Plus верзијата ќе доаѓа со дуален систем камери, а обичната со една камера. За разлика од Galaxy Note 8, дуалниот систем камери на S9 Plus ќе биде поставен вертикално, а не хоризонтално. 

Интересно е што Galaxy S9+ ќе доаѓа со 6.1 инчен дисплеј, кој е само 0.1 инч помал од оној на Galaxy S8 Plus. Неговите димензии ќе бидат 157.7 x 73.8 x 8.5 mm, што значи дека ќе биде малку понизок од Galaxy S8+ (159.5 x 73.4 x 8.1 mm) и малку подебел.


Со Galaxy S9+ и S9, Samsung изгледа дека ги следи чекорите на Apple со iPhone и iPhone Plus моделите, нудејќи подобрени камери кај поголемата верзија. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.