x

Фото: Вака изгледа iPhone 11 кој работи на iOS 13 со Dark Mode!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 19 Март, 2019 од GSM.mk

По долго време, изгледа дека конечно доаѓа крајот на LCD технологијата. Со падот на цените на OLED панелите, изгледа дека овие екрани ќе станат новиот стандард во светот на смартфоните..

Покрај одличниот квалитет кој го нуди, OLED технологијата влијае и на производството на апликации, игри, па дури и на двата најпопуларни оперативни системи. Благодарение на нејзината способност целосно да ги исклучи црните пиксели, голем дел од компаниите го гледаат потенцијалот на Dark Mode опцијата во комбинација со оваа нова технологија.

Иако веќе некое време постојат голем број апликации кои доаѓаат со ваква опција, компаниите започнаат да имплементираат Dark Mode во самите оперативни системи за ноќно користење. Речиси сите големи компании, како Google, Samsung и Apple ќе претстават ваква функција вградена во своите нови уреди до крајот на годината.

Бидејќи претставувањето на новите iPhone модели ќе биде во септември, додека го чекаме големиот настан, решивме да погледнеме како би изгледала оваа опција на еден од овие уреди:

iPhone 11 running iOS 13 with Dark Mode pictured in 3D renders

Со оглед на тоа што голем број од смартфон корисниците речиси секоја вечер ги користат своите уреди пред спиење, опцијата да може да "не ослепите" кога прв пат ќе го отклучите вашиот телефон со сите силни бои звучи одлично.

Image comparison

Image comparison

Како дополнување на новите функции со кои ќе доаѓаат моделите, iPhone 11 ќе има три камери на задната страна, вертикално поставени, како и мал notch на предниот панел.

iPhone 11 running iOS 13 with Dark Mode pictured in 3D renders

iPhone 11 running iOS 13 with Dark Mode pictured in 3D renders

iPhone со дупка во дисплејот, наместо notch е секако една од опциите за дизајнот на новиот уред, но Apple е компанија која е позната по своите уникатни карактеристики кои ги нуди, а не по копирање на трендови поставени од други компании.

Бидејќи до претставувањето на овие смартфони има уште неколку месеци, сигурни сме дека во меѓувреме ќе се појават уште голем број нови слики, информации и детали за нивните спецификации и перформанси.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.