x

Фото: Вака ќе изгледа Galaxy S10 со селфи камера под дисплејот

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 05 Ноември, 2018 од GSM.mk

Речиси сме при крајот на 2018 година, а веќе на почетокот од следната година ги очекуваме можеби најреволуционерните уреди во светот на смартфоните - новите уреди во Galaxy S серијата..

Бидејќи станува збор за уреди кои ќе ја обележат десетгодишнината од постоењето на S серијата, очекуваме да доаѓаат со големи промени и новитети. Нивното претставување ќе биде за време на MWC настанот во ноември.

Според дел од гласините, Galaxy S10 и S10 Plus ќе доаѓаат со големи промени во дизајнот, вклучувајќи висок тело-дисплеј сооднос и уникатна позиција на селфи камерата. Наместо популарниот дизајн со кои доаѓаат новите смартфони, а кој се прослави благодарение на iPhone X, Samsung работи на ново решение со кое камерата ќе биде вметната под дисплејот. 

Galaxy S10 render by Ben Geskin

Иако Galaxy S10 без рамки и со камера под дисплејот изгледа интересно и футуристички, шансите дека вакви уреди навистина ќе бидат претставени следната година не се многу големи.

Кое е вашето мислење за ваквата технологија?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.