x

Фото: Вака ќе изгледа iOS 13 со Dark Mode и останантите подобрувања!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 29 Мај, 2019 од GSM.mk

За само неколку дена Apple ќе го претстави новиот iOS 13 на годишниот WWDC настан. Една од најочекуваните промени е вклучувањето на Dark Mode, кој ќе изгледа вака:

Како што се зборува веќе подолго време, Apple планира да претстави Dark Mode со новиот iOS 13, a новите фотографии го потврдуваат тоа. Оваа технологија се потпира на темно сиви нијанси и длабоко црни OLED нијанси кога е возможно.

При претставувањето нема сите апликации да поддржуваат Dark Mode. Една од оние кои ќе имаат е Music. На неа, сите бои се менуваат кога е активирана функцијата. Ова значи дека светло сивата е заменета со потемна нијанса, а белите површини се целосно сменети со црна. Главната цел на Dark Mode е да ја зголеми издржливоста на iPhone уредите, особено iPhone XS и XS Max, бидејќи дел од пикселите на дисплејот можат целосно да бидат исклучени.

Leaked iOS 13 screenshots showcase Dark Mode, updated apps

И покрај големите промени кои доаѓаат со Dark Mode, на Home екранот не се забележуваат големи промени. Понатаму, Apple веројатно ќе претстави и позадини инспирирани од функцијата.

Освен Dark Mode, iOS 13 ќе доаѓа и со подобрувања на дел од апликациите. Една од нив е "Reminders" која со новиот оперативен систем ќе има странично мени со посебни категории, како “Today,” Scheduled,” “Flagged,” и “All”, како и опција за пребарување.

Leaked iOS 13 screenshots showcase Dark Mode, updated apps

Уште една апликација која беше опишана во новата изјава е ‘Find My.’ Станува збор за нова апликација, која ќе биде комбинација меѓу  ‘Find my iPhone’ и ‘Find my Friends’.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.