x

Фото: Вака ќе изгледа телефонот на преклопување на Samsung

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Декември, 2017 од GSM.mk

Поради сите шпекулации кои се појавија, очигледно е дека Samsung наскоро ќе го претстави својот прв смартфон на преклопување, кој ќе биде достапен во ограничена количина..

Јужнокорејската компанија веќе пријави голем број патенти и концепти кои најавуваат телефон на преклопување. Најновите фотографии ни покажуваат како би можел да изгледа дизајнот на таквиот уред.

На фотографиите се забележува дека дисплејот оди од предната до задната страна. Изгледа на телефонот со два екрани, каде вториот би се користел за нотификации и слични информации. Но, вториот екран изгледа поголемо од очекуваното и најверојатно ќе биде користен за поважни функции, покрај покажувањето нотификации. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.